еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица: Според Протоколот идеите на АСНОМ се злосторнички, а Македонија треба да биде бугарска колонија

На 17-ти јули 2022 година, потпишан е протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана врз основа на членот 12 од понижувачкиот т.н „договор на пријателство“ меѓу Македонија и Бугарија. Од изворот на политичкото бунило се пои со одново обмислена реалност, во која одново живеат мрачни сили на црна идеологија – на насилство, грабеж и помор за племенитите идеи на единство и слобода на балканските народи. Поданичката и предавничка власт, ја исполни својата суштина и конечно ја стави македонската идеја на отстрел пред бугарските фашистички цели, велат од Левица.

„Политички, нашиот државен врв прифаќа подредување и политичка доминација на внатрешните работи на Македонија од страна на друга држава!

Историски, изминатите децении на демонизирање на повоениот режим и рехабилитацијата на криминалната историја на фашизмот, сега, за официјална Софија се целисходни за конечна ампутација на асномскиот карактер на нашата државност – кој е незаменлив!

Цивилизациски, ова е недозволиво – идеите на домашните колаборатори и предавници од Втората светска војна, кои Народно-ослободителната револуција имала за цел да ги сотре, скриени од последиците во други земји, преживела. Откако сме во западна прегратка, тие се сега повторно тука, и сакаат да се пресметаат со нашата антифашистичка историја – која е врежан доказ во македонскиот народен гениј и споменик за грозната природа на бугарскиот фашизам!

Македонската и југословенската држава, по Втората светска војна припаѓа на оние кои својата слобода ја платиле со лична жртва и покрај загубите, го победиле ѕверството на сојузниците на оската Берлин-Рим. На тие луѓе, бугарските фашистички окупатори сакале да им ја одземат земјата и идентитетот, да им ги убијат најблиските и разделат семејствата.

Сега, материјалните спомени на тие македонски партизани ќе станат предмет на прогон за нео-фашистите од дома – слуги на туѓи дворови. Слободната македонската држава од минатото, која рамо до рамо се постави со победниците од војната, ќе стане злосторничка, а сега – слободоумните Македонци ќе бидат злосторници кога ќе се повикаат на идеите од АСНОМ.

На нашата победа и на АСНОМ им претходи бугарска инвазија, окупација и анексирање на Македонија. Кога бугарските великодржавни апетити со помош на домашните врховисти ќе успеат да ја надминат пречката на АСНОМ – тоа означува регресија во околностите од пред оваа историска разврска.

Околности кои се идентични на оние кои се наметнуваат сега. За нивната понатамошна интерпретација можеме да се повикаме на историска рамка која ќе ни ги даде одговорите – за како ќе треба да ја интерпретираме сопствената и старословенската историја со бугарски предзнак, како ќе го дефинираме сопствениот јазик и како ќе се чуствуваме и доживуваме.

Македонски народе, нашата борба само што повторно отпочна!„, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранимир Јовановиќ: Протоколот е трагедија за Македонија и срамота за Бугарија и ЕУ

Најчевска: Протоколот со Бугарија е страшен и понижувачки и неприфатлив

Ивор Мицковски: Благодарение на заложбата да се елиминира говорот на омраза од утре треба да го затворите бугарскиот клуб во Битола

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне

Редакција

Што пишува во биографијата на старо-новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски

Редакција

Зеленски го смени министерот за одбрана Олексеј Резников

Редакција