еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на владејачката ЛДП, Милевски не го прифаќа францускиот предлог

Лидерот на владејачката ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, не го прифаќа францускиот предлог.

“La France merci, mais NON

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ.

Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија.

Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот Парламент.

Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.

Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот, ЕУ, не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува.

ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања.

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.

Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус.

Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отец Пимен: Тоа што не успеале со оружје, успеваат со вето, ако е и од ЕУ, многу е

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе се бори против дезинформациите и лажните вести

Редакција

Од петок се отвараат теретаните, а кафулињата ќе можат да работат и внатре

Редакција

Ако изгубат на изборите, Силјановска и Река ќе останат професори, Пендаровски ќе се повлече од политика

Редакција