еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лифтовите потенцијални жаришта на корона вирусот

Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите.

И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.

– Германската компанија МИКРОДЕЛ, основана од Македонецот, Димче Поповски, соочувајќи се со коронавирусот, го повика својот тим експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови.

УВ-гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден.

Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух, појаснуваат од компанијата.

Експертите, исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нон-стоп.

Според нив, токму лифтовите во работните простории, болниците итн., што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.

Во државава овој софистициран систем за заштита од коронавирусот веќе го имплементира компанијата за лифтови „Дака“.

– Потребна е високософистицирана технологија со високи перформанси на молекуларно ниво со препарати и технологија одобрени од Светска здравствена организација.

Државните и приватните институции, станбени и деловни објекти, како и сите останати објекти кои имаат лифтови и проток на луѓе, потребно е да вградат постојана заштита од бактерии и вируси, пред се во моментот, заштита од коронавирусот, а тоа ќе го сторат кога во своите лифтови ќе инсталираат таканаречени УВ системи кои ќе препознаваат, стерилизираат и прочистуваат загаден воздух, појаснува прим. д-р Данчо Балаловски.

Во земјава бројките на заразени од коронавирусот се високи, така што граѓаните треба да бидат заштитени и додека се возат во лифтовите, почитувајќи ги безбедносните мерки од надлежните.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40-годишниот Ресенчанец кој почина од корона вирусот бил спортист

Корона вирусот продолжува да се шири во Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За новогодишната ноќ снег само на планините, во останатиот дел суво и температура до минус два

Редакција

(Вознемирувачко видео) Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат: Снимки од врвна одгледувачница на расата „кане корсо“ во Македонија

Редакција

Проф. Трајковски: Ниту една земја нема да биде поштедена од новите потсоеви BA4 и BA5 на омикрон сојот

Редакција