еМагазин
Image default
Локално

Лишени од слобода две лица кои нападнаа и избодеа со нож сопственик на кафе бар во Дебар

По не цели осум часа од инцидентот што се случи вчера околу 10 часот во кафе бар во строгиот центар на Дебар лишени од слобода се две лица, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

-Вчера во 17.30 часот на граничниот премин „Јажинце“, по извршена проверка, во врска со сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик врз Б.П., сопственик на угостителски објект во Дебар, од слобода беа лишени А.С.(39) од Дебар, со место на живеење во Репблика Косово и У.Д.(68) од с.Јажинце, тетовско, изјави Димоски.

Додава дека Одделението за внатрешни работи во Дебар  работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во кафе бар во строгиот центар на градот беше нападнат сопстевник на кафуле Б.П.(47)  кому му беа нанесени убодни рани со нож.

Како што потврдија од Општата болница со проширена дејност Б.П. имал убодна отворена рана на вратот од левата страна, убодна рана на десната страна на градниот кош и помала посекотина на десната рака.

По дадената прва медицинска помош повредениот беше транспортиран во Клинички центар во Скопје, во придружба на двакјца лекари и медицинска сестра. По извршенот неопходен хрушки зафат, тој е во стабилна здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар нападнат и избоден со нож сопственик на кафе-бар

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец приведен откако физички нападнал девојка

Редакција

Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој со нож ја уби својата баба

Редакција

Дождот во Охрид ги извади фекалиите по улиците

Редакција