Во согласност со правилата на Pro PR Globe Awards, а по процесот на номинација, вкупно 25 реномирани експерти од областа на односите со јавноста од 12 земји, од 3 континенти, се добитници на Pro PR Globe Awards за 2022 година.
На добитниците ќе им бидат врачени уникатни статуи, уметнички дела од студенти на Академијата за применета уметност од Универзитетот во Риека.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи како дел од свечената вечера на 5-ти мај оваа година во хотел Језеро на Плитвичките езера, каде што се одржува и јубилејното 20-то издание на Pro PR конференцијата.
Наградата од Македонија ја освои Маја Бајалска-Георгиевска, раководител за корпоративни комуникации во ТАВ Македонија.
Pro PR Globe Awards е единствената програма за награди за поединци, чија работа придонесува за подобра перцепција на позиционирањето на професијата за односи со јавноста на глобално, регионално и локално ниво.
Ова е единствена програма за награди, фокусирана на доделување признанија на поединци, а не на проекти. Специфична е и по тоа што е наменета за поединци кои во соработка со своите тимови и колеги, следејќи ја деловната етика и професионалните стандарди, успеале да остават белег во областа на односите со јавноста.
Комитетот, кој ги вклучува претходните добитници на оваа награда и членовите на организацискиот одбор, одлучува за победниците врз основа на информациите собрани по процесот на номинација, кој вклучува: преглед на биографијата, медиумски публикации и други релевантни јавни извори на информации кои можат да го потврдат кредибилитетот и стручноста на кандидатот во процесот на номинација и селекција за Pro PR Globe Awards.
Од 2017 година, Pro PR Globe Awards е единствена програма за доделување на награди во која победниците номинираат и четири светски комуникациски друштва: International Public Relations Association (Меѓународна асоцијација за односи со јавноста) – IPRA, International Communication Consulting Organisation (Меѓународна организација за комуникациски консалтинг) – ICCO, The Public Relations and Communications Association (Здружение за односи со јавноста и комуникација) – PRCA и Chartered Institute of Public Relations (Овластен Институт за односи со јавноста) – CIPR.
Во склоп на Pro PR Globe Awards, ќе бидат доделени и традиционалните признанија Pro PR Vision City, Pro PR Vision Manager и Infigo Award за посебен придонес во развојот на комуникацискиот менаџмент.