еМагазин
Image default
Балкан

Мајката на убиениот Грк во Албанија: „Мојот син никогаш немаше проблем со полицијата, само сакаше да го подигне грчкото знаме„

Мајката на Константинос Кацифас (35), етнички Грк, кој беше убиен од албанската полиција, откако на нив пукаше со калашников, за да го спречи симнувањето на грчкото знаме кое го поставил, за телевизијата Скај ТВ, вели дека тој никогаш немал проблем со полицијата и дека само сакал да го подигне грчкото знаме на големиот грчки празник, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Василики Кацифас за телевизијата вели нејзиниот син не направил ништо лошо и дека бил прогонуван од албанските власти, поради неговите верувања.

„Му велев, биди внимателен, но тој не се плашеше. Велеше дека не прави ништо погрешно. Сакаа да го „свитка“, па го убија“, вели Кацифас.

„Тој сакаше да живее во мајка Грција“, вели таа, доплнувајќи дека нејзиниот син кој живеел во Атина, последниве години доаѓал во селото кое е во близина на албанско-грчката граница, и дека на секој грчки празник поставувал грчки знамиња.

Дел пак од грчките медиуми денеска објавија дека Константинос Кацифас во 2009 година бил уапсен за трговија со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Објавена снимка од престрелката на убиениот Грк со албанската полиција

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Фото: Фејсбук/Кацифас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинет на Ципрас: Мицотакис заборава дека во времето на неговата влада беше признаено постоењето на „македонски јазик”

Редакција

Деспина Ванди дополнително ги вжешти односите меѓу Грција и Турција

Редакција

Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово

Редакција