Врвот на бугарското „добрососедството„ од посетата на бугарските полиичари, кои дојдоа во Битола да промовираат клуб со името на фашистот Ванчо Михајлов, дојде од поранешниот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
– За мене беше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во градот Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на Бугарија!
Би сакал само едно да го советувам премиерот Петков. Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мораме да го „искорениме јазикот на омраза“, додека во исто време на 50 метри под местото каде што е, има група македонисти кои ги пцујат Бугарите од Македонија, да земе да погледне и да послуша малку.
„Македонија без Бугари – огнот да ја гори!“„, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија
Нема забрана невладини и приватни фирми да користат „Македонија“ во својот назив, вели Десковска
Фото: Каракачанов/Фејсбук