еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ги загрозувала правата на Бугарите, оти усвои закон за забрана на здруженија со имиња на фашисти, смета бугарскиот заменик министер за надворешни работи

Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

– Во таа насока, принудени сме да ја потсетиме земјата која е кандидат за членство во Европската Унија дека европската практика и законодавните иницијативи кои се однесуваат на правото на здружување, се водени од желбата да се олесни, а не да се попречи создавањето и функционирањето на граѓански организации и здруженија, истакна Коџабашев.

Тој нагласи дека согласно одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни 2022 година, Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Македонија само под услов доколку се гарантираат правата на Бугарите во земјата, додавајќи дека „последните законски измени во Скопје противречат на тој услов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците едногласно изгласаа Предлог-закон против здруженија со фашистички имиња

Според него, крајно е неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи.

– Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани и историски толкувања, додаде Коџабашев.

Тој потсети дека согласно Договорот за добрососедство создадена е посебна Комисија за „надминување на историските противречности“ и нејзините активности „не може да се заменат со ниту една новоформирана структура“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов” ги дискриминира Македонците, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Редакција

Епидемиологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Редакција

Генералшабот категорично побара Армијата да не се злоупотребува за политички цели

Редакција