еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Македонија „исчезнува“: Бројот на починати зголемен за 15,3 отсто, а на новородени намален за 5,2 отсто

Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца.

Истовремено, бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -278 лица,  што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува затоплување, температури и до 29 степени

Редакција

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина

Редакција

Во недела засилен северен ветер и повремен снег

Редакција