еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија од утре ќе извезува сончогледово масло во Албанија

Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Северна Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина.

-Република Северна Македонија утре ќе донесе важна одлука со која ќе се отвори извозот на сончогледово масло во Албанија, производ кој главно беше увезуван од Украина.

Кај нас се чувствуваше недостиг како и на меѓународните пазари, што е и причината зошто цените се повисоки. Сакам да му се заблагодарам на министерот Бектеши за конструктивните разговори и сакам да гарантирам дека односите меѓу двете земји на полето на трговијата ќе продолжат да бидат многу добри, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евра, голем број албански граѓани од пограничните региони со Северна Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Снежно Маврово

Редакција

ЕСМ ќе постави нови топловодни цевки на опожарениот мост „Беласица“, по добиена дозвола од Град Скопје

Редакција

ДИК „најде“ технички грешки во изборните резултати: Повеќе важечки и неважечки ливчиња

Редакција