Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во периодот од јануари – септември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 36,2 милиони денари, информира Друштвото преку Македонската берза.
-Во истиот период 2022 година финансискиот резултат изнесува 57,9 милиони денари.
Во тековната 2023 во однос на истиот период 2022 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.
Вкупните приходи во 2023 година се зголемени за 10,3% најмногу кај здравственото осигурување, додека вкупните расходи бележат зголемување од 14,9%. Зголемувањето е приходите се должи на бруто полисираната премија.
Најголемо движење се штетите по домашна Автоодговорност и Здравствено осигурување. Друштвото го вклучи ефектот од инфлацијата што има влијние на обврските по надомест на штети, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со добивка во првото полугодие
Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со намалена добивка во првиот квартал