еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија со негативен природен прираст: Повеќе починати од родени во 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава лани се регистрирани 19.845 живородени и 20.446 умрени лица, со што природниот прираст е негативен и изнесува – 601.

Бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,5 години наспроти 25,9 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2,6 години е помлада мајката од селските подрачја.

Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12.831 лице или 62,8 отсто наспроти 7.615 умрени лица или 37,2 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 29,9 отсто, а најмало Северо-источниот регион со 8,1 процент. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 66 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 46 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,7 години наспроти 73,8 години во селските.

Природниот прираст кај населението од градските подрачја, е негативен и изнесува –1.059 лица наспроти позитивниот природен прираст во селските подрачја кој изнесува 458 лица. Во шест региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Североисточниот регион.

Податоците за внатрешните миграции на ниво на регион покажуваат дека најголемо учество од 36,3 отсто имаат преселбите од село во град, додека меѓуградските преселби учествуваат со 8,2 отсто.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 51,8 проценти, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби кои учествуваат сo 61,5 отсто.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион (1.233), а најмало во Југоисточниот Регион (- 58).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсено осомничено лице кое ги испратило заканувачките писма кон обвинителите Јовески и Русковска

Редакција

Твитер „полуде“: Обвинети 33 лица, а 38 бараат амнестија

Редакција

Кардиоваскуларната болест и дијабетот најчести коморбидитети кај починатите од корона вирусот

Редакција