еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија2025 во соработка со Ivey Business School од Онтарио ја реализираше програмата за млади претприемачи

Македонија2025 во соработка со Ivey Business School од Онтарио, Канада го организираше 15-то издание на ЛИДЕР Проектот, програма која е насочена кон младите претприемачи и развој на нивните бизниси и бизнис идеи, информираат од таму.

Обуката се состоеше од десетдневна интензивна бизнис програма дизајнирана според програмата за специјалистички и магистерски студии (МБА) на универзитетот „Western University” од Канада.

Обуката вклучува пренесување на широк распон на знаења како подготовка и оценување на изводливост на бизнис план, развивање стратегии, брендирање на производ, маркетинг, финансирање, управување со човечки ресурси итн. Истатa се изведува практично, преку интерактивна анализа на уникатни студии на случај и развој на сопствени бизнис планови, со можност за дополнително индивидуално менторство.

На обуката, Македонија2025 обезбеди и предавачи од својата мрежа, кои дополнително ја збогатија програмата и пренесоа свои искуства од областите на нивното работење (Виктор Мизо – член на Одборот на директори на Македонија2025 и извршен директор во КОСТАЛ; и Александар Целески, член на Клубот на амбасадори на Македонија2025 и извршен директор на ДУЕЛ консалтинг).

Оваа година, 26 лица учествуваа на обуката која, традиционално, завршува со натпревар и претставување на бизнис идеите на последниот ден од обуката пред жири комисија која е составена од различни профили на професионалци, меѓу кои претставници кои претходно ја поминале ЛИДЕР обуката, лица на високи менаџерски позиции, претставници од тренерите, од Македонија2025, итн..

Оваа година, најдобра бизнис идеја имаше Тамара Димитрова, која ја презентираше Импала – платформа која е дизајнирана да им помогне на компаниите да го следат и да влијаат на однесувањето на купувачите и согласно наодите да ги развиваат своите решенија.

За втора најдобра презентација беше избрана Катарина Тасевски, со бизнис идеја за дополнителен развој на „Тото дејли“ – франшиза која е помеѓу попознатите во Скопје, а која се бави со приготвување на свежа храна и кетеринг услуги.

Третото место го поделија двајца учесници, Надица Ѓоргиева со “Chia Dia” – напитоци на база на чија семе, кои се први од овој вид во регионот; и Даниел Цуннингхам (Daniel Cunningham) со “eLearning Solutions” – консултативни услуги за насочена и стручна обука за развој и надградба на вештините на вработените во компании, согласно потребите и спецификите на дејноста.

Победниците ќе добијат индивидуално менторство од страна на експерти од мрежата на Македонија2025.

Секако, и останатите учесници, но и сите компании во Македонија, може да ја искористат платформата на Македонија2025 connect2mk, која има за цел да обезбеди менторство за македонските компании преку нивно поврзување со експерти од дијаспората.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата Дади компани донира гориво за противпожарните возила

Редакција

Шапка и Маврово во фокусот на белоруските тур-оператори за претстојната зимска сезона

Редакција

Нов подвиг на младиот Марко Пејчиновски: Преплива 18 км од Заум до Охрид

Редакција