еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се заборави дека обвинителството не најде проблем во „Дрисла“ и дека имаме 1.000 диви депонии

Само пред десетина дена Основното јавно обвинителство Скопје кое постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот.

Оттаму меѓудругото соопштија дека заради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спровел обемна предистражна постапка во рамките на која прибрал податоци и извештаи кои се однесуваат на еколошките дозволи што ги поседува депонијата и на резултатите од редовните, контролните и вонредните инспекциски надзори извршени во текот на 2017 и 2018 година.

Во исто време, бил сослушан и претставник на Државниот инспекторат за животна средина кој ги појаснил наводите и ги потврди констатираните состојби при извршените инспекциски надзори.

Дополнително, од страна на јавниот обвинител, на 25.02.2019 година бил формиран и истражен тим со истражители од Царинската управа и од Управата за финансиска полиција кои преземале дејствија за проверка на сомнежите пласирани во јавноста во врска со незаконит увоз и согорување медицински отпад во „Дрисла“.

„Врз основа на прибраните обемни податоци и релевантни докази, а особено од извршените тестирања и анализи, не произлезе дека од депонијата „Дрисла“, спротивно на прописите за заштита на животната средина, биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество со кои би се предизвикало значително оштетување на квалитетот на воздухот и опасност за животот и здравјето на луѓето, како и уништување на животинскиот и растителниот свет.

Со оглед на тоа, надлежниот јавен обвинител заклучи дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност и донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот“, соопштија од обвинителството.

Истовремено, се заборава дека во цела Македонија само скопската депонија „Дрисла“ исполнува минимум критериуми од стандардите на ЕУ пропишани во Директивата за депонии.

Според податоците на Државниот завод за статистика има 45 таканаречени општински депонии, од кои најголем број (14) се со површина до 5.000 м2 .

Особено е важно да се нагласи дека во земјава има и околу 1.000 општински „диви“ депонии кои не подлежат на речиси никаква контрола односно таму депонира и гори отпад буквално кој стигне.

Ниту една од општинските и дивите депонии не ги исполнува минималните услови што ги бара ЕУ.

Затоа, впечаток е дека во земјава има многу поголеми проблеми со отпадот отколку депонијата „Дрисла“ и дека целата фама што се дигна деновиве е поттикната од евтин политички маркетинг.

Истовремено, се заборава дека најголеми увозници на отпад во Македонија се големите индустриски капацитети кои го користат како енергент при производниот процес, што е прашање на кое надлежните треба да дадат одговори ако се земе предвид дека земјава со години наназад има пристап до природен гас кој важи за евтин и еколошки енергент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавно обвинителство: Нема докази дека „Дрисла“ го загадува воздухот со незаконско согорување отпад

„Движењето за чист воздух“ реагира по информацијата дека нема докази за незаконско работење на Дрисла

„Дрисла“ го доби тендерот за собирање 266.000 килограми медицински отпад од Клинички центар вреден 254.000 евра

Коста Начевски назначен за в.д. директор на „Дрисла“

Макрадули: Министерството никогаш не издало лиценца на „Дрисла“ за увоз на отпад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашо Симјановски, кој по предлог на Владата влезе во Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција

(Видео) Објавена снимка од сударот на рускиот воен авион со американскиот дрон

Редакција

(Видео) Ќе остане незаборавна во улогата на Делфина: Почина актерката Неда Арнериќ

Редакција