еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза организира „Инвеститорски ден“: Граѓаните ќе можат да купат или продадат акции без провизии

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, берзата иницира одржување на т.н. „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и седум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

„Инвеститорскиот ден“ ќе се одржи на 18 септември (петок) 2020 година.

„Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека на тој ден на тргување на берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

Поконкретно, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови:

Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на берзата.

Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;

Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка“, соопшти берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„БИМ Свети Николе“ ја удвои добивката за време на кризата од Ковид-19

Редакција

Лозарите бараат ревизија на работењето на Стефанс вајнери која отиде во стечај

Редакција

Директна авионска линија Атина-Скопје-Атина од 1 ноември

Редакција