еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Коронавирусот ќе биде ставен под контрола за две години

Светската здравствена организација (СЗО) не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.

Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.

„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“, се наведува во соопштението.

Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.

СЗО исто така смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.

„Човечките вируси можат да напредуваат, да станат помалку или повеќе патогени. Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети”, наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.

Според Светската здравствена организација, иако Ковид-19 е нов вирус сега се знае многу за него.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Модерна“ договори испорака на 500 милиони вакцини за програмата Ковакс

Редакција

Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, порача српската премиерка од Блед

Редакција

ЕЛЕМ распиша нов тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола тежок 4,7 милиони евра

Редакција