еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин сакал да внесе 20.000 евра, без да ги пријави

Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, информираат од Царинската управа.

Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало.

„Имено, на 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра.

Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите се 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.

Царинската управа известува дека при секој влез во државата, патниците можат слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган,“ се вели во соопштението.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија открива: Владата кратела пари од правосудството за да си додели себе си

Редакција

Вкупно 107 бремени жени заразени со Ковид-19 во Македонија, половина немале симптоми

Редакција

Финската премиерка Сана Марин во посета на Македонија

Редакција