еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком лани со зголемена добивка и приходи

Македонски Телеком ја заврши годината со раст и успешно работење во сите сегменти, како што покажуваат и финансиските резултати за 2021 година, информираат од компанијата.

Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 11.216 милиони денари.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,2 проценти во споредба со претходната година, велат од компанијата.

“Македонски Телеком ја обележа 2021 годинa со инвестиции во најновите технологии и стратешко градење на мрежата од петтата генерација – 5G и оптичката мрежа. На крајот од годината, 13 градови  се целосно подготвени за 5G.

Паралелно продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа, а бројот на оптички пристапи во земјата е зголемен за 12 проценти во споредба со претходната година.

Повеќе од 246 илјади корисници имаат пристап до оптика и се планира овој тренд да продолжи и во наредните години„, велат од компанијата.

Македонски Телеком го задржа лидерството на ТВ пазарот со удел од 34,5 проценти, велат од компанијата.

„Уникатното ТВ искуство и постојаното збогатување на содржините на MaxTV придонесоа за зголемување на бројот на корисници на 145,9 илјади или 2,4 проценти во споредба со претходната година.

Позитивни резултати и раст се бележат и во сегментите: интернет, мобилни и фиксни услуги.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,2 проценти, како и интернет пристапот за 3 проценти во споредба со 2020 година.

Вкупниот број на корисници изнесува 197,3 илјади со удел на пазарот од 49,8 проценти. Во фиксната телефонија остануваме на лидерската позиција со удел од 62,5% и 224 илјади корисници, што претставува зголемување на бројот на корисници за 1,3 проценти.

Во мобилната телефонија, бројот на корисници е зголемен за дури 10 проценти и изнесува 1.215 илјади, со што уделот на пазарот е 48,7 проценти.

Успешните резултати од нашето работење се потврда и поттик да продолжиме со  инвестиции во најнапредната технологија и најдобри услуги за корисниците“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се и како ќе може да ја користи 5G мрежата на Македонски телеком

(ВИДЕО) Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за половина, а бензините поскапуваат за еден денар

Редакција

Најниската цена главен критериум на тендерот за набавка на вакцини вреден 10,7 милиони евра

Редакција

Кој има најмногу акции во Комерцијална банка

Редакција