еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најниската цена главен критериум на тендерот за набавка на вакцини вреден 10,7 милиони евра

На 4 февруари, годинава ќе се отвараат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.

Станува збор за повеќегодишна јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Токму овој критериум е една од главните точки на дебатата меѓу македонските граѓани од кои едните се противат на владината политика за задолжително вакцинирање на населението, а другите ја поддржуваат.

Сепак, треба да се знае дека освен цената главен услов за учество на тендерот е за лекот однoсно за вакцините да се приложат соодветни сертификати од надлежните домашни и меѓународни институции.

Последните бројки покажуваат дека во изминатиов период се зголемува бројот на деца што не се вакцинираат што според здравствените власти може да доведе до појава на болести кои веќе биле искоренети.

За да ги принуди граѓаните да ги вакцинираат своите деца Владата им нареди на градинките да не ги примаат невакцинираните деца, а се најавуваат и кривични пријави за родителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Моделот Катарина Ивановска: „Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“

Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Повеќе од половината деца родени во 2017 година се невакцинирани: Најниска вакцинација во Центар, Карпош и Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данела Арсовска нема да формира нова партија, ќе стане претседател на „Нова Алтернатива„

Редакција

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

Редакција

Екипите на ЕВН почнаа со работа во Слупчане, жителите на селото ќе плаќаат колку што ќе потрошат

Редакција