еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски телеком со раст на нето-добивката за 33,8%

Во првите девет месеци од годината, приходите од продажба на Македонски телеком АД Скопје изнесуваат 8.378.263 илјади денари, што претставува зголемување за 5,7% во споредба со истиот период од претходната година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“На пазарот на мобилната телефонија МКТ има удел на пазарот од 49,2% (интерна проценка, споредено со 46,4% на крајот од истиот период од претходната година).

Базата на претплатници на крајот од првите девет месеци од 2021 година изнесува 1.211 илјади претплатници и е зголемена за 5,1% во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни услуги (малопродажба) како и неговорни мобилни услуги на крајот од првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 7,1% во споредба со истиот период од претходната година.

Зголемувањето главно произлегува од поголемиот број на пост – пејд претплатници, како и зголемувањето на ARPU (просечниот приход по корисник) воглавно кај резиденцијалните корисници, како и зголемување на приходите од роаминг заради намалувањето на рестрикциите поврзани со Ковид-19 пандемијата, а од друга страна пак има намалување на приходите од припејд заради миграција на претплатниците од при-пејд во пост-пејд.

Зголемени се и приходите од неговорни услуги, главно како резултат на зголемени приходи од мобилен интернет заради зголемено користење на пакетни тарифни модели со вклучени неговорни услуги, како и зголемен GPRS сообраќај од роаминг.

Исто така има зголемување и на приходите од СМС пораки, како резултат на алокација на претплатата по тип на услуга. Приходите од говорни услуги – големопродажба на крајот од првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 10,4% во споредба со истиот период од претходната година главно заради зголемениот мобилен сообраќај, поддржано од зголемениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација.

Комбинираниот ARPU (просечниот приход по корисник) од говорни и неговорни услуги бележи зголемување од 13% во споредба со истиот период од претходната година, достигнувајќи 399 денари главно придвижен од зголемувањето на учеството на пост-пејд претплатниците во вкупната база на претплатници“, велат од компанијата.

МКТ успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 62,3% (интерна проценка, споредено со 62,4% на крајот од истиот период од претходната година), односно 223,6 илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2021 година, велат од компанијата.

“Приходите од говорни услуги од малопродажба во првите девет месеци од 2021 година во фиксниот сегмент се намалија за 6,8% во споредба со истиот период од претходната година поради намалениот појдовен сообраќај за 8%, како и намалениот меѓународен дојдовен сообраќај.

На крајот од првите девет месеци од 2021 година бројот на корисници на фиксна телефонија (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) бележи зголемување за 2,5% споредено со истиот период од претходната година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) на крајот од првите девет месеци од 2021 година е зголемен за 4,1% и изнесува 218,4 илјади во споредба со 209,8 илјади на крајот од истиот период од претходната година.

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет (без големопродажба) на крајот од првите девет месеци од 2021 година е зголемен за 4,7% и изнесува 195,7 илјади во споредба со 186,9 илјади на крајот од истиот период од претходната година.

Уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите девет месеци од 2021 година изнесува 49,8% (интерна проценка, споредено со 48,4% на крајот од истиот период од претходната година).

Инвестициите во оптичката мрежа резултираат во континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите девет месеци од 2021 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 240 илјади пристапи до оптика, што е за 12% повеќе споредено со истиот период од претходната година“, велат од компанијата.

“Во однос на ТВ пазарот, МКТ има лидерска позиција со 34,4% (интерна проценка, споредено со 33,1% на крајот од истиот период од претходната година) удел од вкупниот ТВ пазар.

IPTV (дигитална телевизија преку Интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, е одлично прифатена на пазарот и МКТ на крајот од првите девет месеци од 2021 година оствари зголемување на бројот на корисници на IPTV (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 3,5% во споредба со истиот период од претходната година што резултираше со база од 145 илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2021 година“, велат од компанијата.

“Приходите од малопродажен Интернет на крајот од првите девет месеци од 2021 година се зголемени за 2,5% во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од првите девет месеци од 2021 година се зголемени за 3,1% во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од првите девет месеци од 2021 година се намалени за 1,2% во споредба со истиот период од претходната година како резултат на намалените приходи од ИКТ проекти.

Приходите од продажбата на опрема на крајот од првите девет месеци од 2021 година се намалија за 0,5% во споредба со истиот период од претходната година како резултат на намалувањето на приходите од продажба на мобилни апарати заради нивната помала просечна продажна цена“, велат од компанијата.

На страната на трошоците, на крајот од првите девет месеци од 2021 година оперативните расходи бележат благо зголемување од 1% во споредба со истиот период од претходната година, што во најголем дел се должи на зголемувањето на трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци, велат од компанијата.

“Трошоците за вработени се благо намалени за 0,8% на крајот од првите девет месеци од 2021 година во споредба со истиот период од претходната година.

Расходите за услуги со карактер на материјални трошоци се зголемени за 16% на крајот од првите девет месеци од 2021 година во споредба со истиот период од претходната година.

Трошоците за амортизација се намалени за 4,1% на крајот од првите девет месеци од 2021 година во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите девет месеци од 2021 година изнесуваат 1.744.234 илјади денари.

Горенаведените движења на страната на приходите и трошоците резултираа со зголемување на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во првите девет месеци од 2021 година за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година.

Следствено, EBITDA маргината во првите девет месеци од 2021 година изнесува 43,8%.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) за првите девет месеци од 2021 година е зголемена за 28,2% во споредба со истиот период од претходната година.

Како резултат на горенаведените движења на страната на приходите и трошоците нето добивката за првите девет месеци од 2021 година е зголемена за 33,8% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 1.531.585 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија има поголеми приходи од мобилна телефонија од Македонски Телеком

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги обврза трговците да обезбедат редари на влезот и во објектите

Редакција

Собранието вработува 12 службеници

Редакција

Граѓаните можат доброволно повратот од „МојДДВ“ да го донираат во буџетот за справување со корона вирусот

Редакција