еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани донирале 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити на денешната прес-конференција истакна дека граѓаните на Македонија и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело, за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

„Заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари. Исто така Црвениот крст на РСМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок изрази голема благодарност до сите граѓани на Македонија за несебичната хуманоста и солидарноста кои ја покажуваат.

Во координација со Амбасада на Република Турција договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства.

„Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра, бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош.

Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства.

Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните,“ порача Мехмет Секизќок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонскиот армиски тим за спасување почна со активностите за преребарување и извлекување на жртвите во Турција

Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Фото: Твитер/Црвен крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

Редакција

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

Редакција

Супервештачењата за несреќата кај Ласкарци денеска во Кривичен суд

Редакција