еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение за нападот на Пендиков

Обвинителството во Охрид поднесе обвинение за инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

-Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен.

На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин.

Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот, велат од Обвинителството. ​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Редакција

Тоа што Фон дер Лајен не нарече „северномакедонци“ било лапсус, вели Османи

Редакција

81 се реинфекции: Нови 668 случаи на Ковид-19 од 3.974 тестови

Редакција