Македонските граѓани се уште не можат туристички да патуваат во Германија, информираат од ТАВ Македонија.
“Би сакале да ве информираме дека делот од информацијата www.facebook.com, која ја објавивме во саботата, на 12-ти јуни 2021, а кој се однесува на тоа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини, за жал не е на сила сè уште, иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји.
Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас.
Ви се извинуваме за ненамерната грешка.
Во моментов очекуваме детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добиеме, ќе ги споделиме со вас.
Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни.
Имено, Република С.Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација.
Во исто време, електронски пополнет Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен предуслов за качување во авион“, информираа вчера од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија тргната од „црвената листа“ на Германија: Кои се новите правила за влез
Македонија тргната од германската листа на ризични-ковид држави