еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Македонија ќе бара информации од Албанија што се гради на нивната страна од Охридското Езеро

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска во Охрид изјави дека македонските власти официјално немаaт информација за градежните активности што се спроведуваат кај изворите кај Дрилон, на албанската страна од Охридското Езеро.

– Информацијата ја добивме преку медиумите. Официјално известување од албанската страна немаме. Минатата седмица имавме средба на Комисијата за УНЕСКО, на која немаше никаква најава за ваквата активност. Во рамки на институциите и на комисиите за заштита на Охридското Езеро ќе направиме комуникација за да добиеме официјално известување што се случува, рече Шукова.

Таа ја нагласи потребата од меѓусебно запознавање и информирање од двете страни за секоја активност во Охридскиот регион, како и да се внимава што се работи на терен.

– Не треба да си дозволиме натаму да одиме со нови објекти кои ќе го загрозуваат Охридското Езеро, а основа на сето тоа треба да биде комуникација. Бидејќи албанската страна не не информираше, ние ќе комуницираме за да видиме кои се плановите… Какви било активности можат да се реализираат само согласно препораките на УНЕСКО, рече таа.

Шукова нагласи дека Македонија не дозволува какви било градежни активности на македонска страна, а нема да даде зелено светло ниту на тоа што се случува на албанска страна.

– Ние не се мешаме во работите на Република Албанија, но секако ќе има препорака да се внимава, особено во крајбрежниот појас на Охридското Езеро… Не би рекла дека УНЕСКО има двоен аршин, мислам дека УНЕСКО работи според стандарди, тоа што е утврдено за едната страна секако ќе важи и за другата страна.

Мислам дека ќе има и соодветни реакции од УНЕСКО ако е тоа вон она што предвидуваат препораките и е во спротивност на заштитата на крајбрежниот појас на езерото, рече министерката Шукова.

Еколошките активисти и од албанска и од македонска страна деновиве алармираат за градежни активности кај Тушемиште, во албанскиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро. Механизација беше забележана како влегува во езерото и бетонира уште и пред неколку седмици кога во посета на Охридскиот регион беа претставници на Рамсарската, Бернската конвенција и на УНЕСКО, кои допатуваа за да ја утврдат ситуацијата на терен, односно дали се спроведуваат препораките за заштита на регионот како светско природно наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Албанија се фали со бетонизирање на Охридското Езеро

МИА/Фото: Рама/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на бугарското МНР не му се допаднаа податоците од Пописот, изненадени се оти имало малку Бугари

Редакција

(Галерија) Горан и Сандра Сиљаноски рачно изработуваат дрвени инструменти кои се ремек-дела

Силвана Жежова

33 нови случаи на Омикрон во Македонија и уште три со флурон, комбинација од грип и Ковид-19

Редакција