еМагазин
Image default
Македонија

Македонското население исчезнува: Природниот прираст во минус од 235 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 10.6 % и изнесува 4.693 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 7.3 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 928 лицa, а од нив 21 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува – 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4.8 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 247 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Табела) Детален преглед на вакцинирани по градови: Најмногу во Неготино, најмалку во Гостивар

Редакција

ЗНМ: Остра осуда за заканите кон новинарката на ТВ21

Редакција

Во последните три дена 1.261 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.085 и шест починати

Редакција