еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол ја намали цената на природниот гас и на метанот

Макпетрол АД Скопје за околу 200 евра ја намали цената за 1.000 нормални кубни метри природен гас, а за 20 денари за килограм цената на метанот во споредба со цената што ја имаа овие два енергенси во септември годинава.

Како што информираат од компанијата, намалувањето на цените е согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.

-Цената на природниот гас за октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1.000 нормални кубни метри, во однос на цената за септември оваа година.

Малопродажната цена, пак, на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм, соопшти Макпетрол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија е загрижена за безбедносната состојба, поради вооружениот грабеж во Сарај

Редакција

Проработеа Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и ВатсАп, причината „внатрешна грешка“ или саботажа

Редакција

Макпетрол нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите

Редакција