еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ ги зголеми цените на горивата

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Оттаму информираат дека од ноќеска Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.

Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

„Законот е донесен, останува на Регулаторна комисија да ги одреди цените на горивата, доколку пак Регулаторната комисија не ги одреди, тогаш сме подготвени да ги одредиме“, посочија од компанијата при најавувањето дека од утре ќе биде пуштена во употреба реновираната бензиска станица на влезот во Куманово.

Од „Макпетрол“ најавија дека ќе ги модернизираат и останатите станици во државата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвестиција од над 50 милиони евра: „Интернешнал фреш фуд“ ќе произведува домашно пилешко месо

Редакција

ПИОМ вработува 13 лица, плата до 25.300 денари

Редакција

За примања на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени над 20 милиони денари

Редакција