еМагазин
Image default
Спорт

„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори

Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол“ оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје.

Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.).

Освен во индивидуалните категории, на прво место се пласираа и машката и женската екипа на „Макпетрол“.

Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска го сочинуваа женскиот тим, додека Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков и Витомир Трајковски беа дел од машката шампионска екипа на скопскиот клуб.

На државното првенство со сребро се закитија: Марија Петровска (-50 кг.), Јована Мицовска (-61 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.).

Бронзени медали освоија Симона Заборска (-61 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).

Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатото и од прикажаните борби на сите членови на клубот, а според него, најважно е што тимот во текот на шампионатот повторно демонстрира модерно и врвно карате.

– Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција и финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со наши членови.

И во екипните натпревари во дисциплината борби имавме одлично претставување. Освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, односно двата наши тима државни шампиони, истакна Заборски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФФМ од УЕФА побара најстрога казна за австрискиот фудбалер Арнаутовиќ поради навредата на Алиоски

Редакција

Вербата, силата, моќта и срцето на терен беа клучни за победата на ОК „Вардар“

Редакција

Замина легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда

Редакција