еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Макрон и Ле Пен одат во вториот круг за избор на претседател на Франција: Кој има поголеми шанси за победа?

Според првичната анкета објавена од Ипсос Сопра Стериа за Франс телвизион, Радио Франс, Франс 24, РФИ-МЦД, Публик Сенат-ЛЦП Асачбле насионал и Паризиен журдуи, во вториот круг Емануел Макрон би добил 54, наспроти 46 отсто од гласовите за Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА.

Анкетата е спроведена синоќа со репрезентативен, но ограничен примерок од 1.172 лица.

Претседателот во заминување ќе добие 54 отсто од гласовите, наспроти 46 за неговиот конкурент од екстремната десница.

За потсетување, во 2017 година Макрон доби 66,1 отсто од гласовите, наспроти 33,9 отсто за Ле Пен во вториот круг од претседателските избори.

Макрон во првиот круг, кој се одржа вчера освои меѓу 28,6 и 29,7 насто од гласовите, а Ле Пен меѓу 23,5 и 24,7 проценти.

Трет е кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Мелешон со околу 20 насто од гласовите.

Во првиот круг за претседател на Франција имаше 12 кандидати.

МИА/еМагазин/фото: Макрон/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Драги Рашковски повеќе не е генерален секретар на Владата, се уште не се знае кој ќе го замени

Редакција

Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај 

Редакција