еМагазин
Image default
Свет

Малите деца имаат поблаги симптоми од омикрон отколку од делта, покажува американска студија

Кај многу мали деца, варијантата омикрон на коронавирусот предизвикува помалку тешка болест во споредба со варијантата делта, покажа нова американска студија.

Научниците ги прегледаа податоците за речиси 80.000 американски деца под петгодишна возраст кои првпат биле заразени со коронавирусот, вклучително и 7.201 дете заразено кон крајот на декември или почетокот на јануари, кога омикрон предизвика повеќе од 90 проценти од случаите.

По разгледувањето на другите фактори на ризик, вклучително здравствените состојби и социоекономските фактори, истражувачите открија дека децата инфицирани за време на бранот на омикрон имаат 29 отсто помал ризик од посета на итна помош, 67 отсто помал ризик од хоспитализација, 68 отсто помал ризик да имаат потреба од интензивна нега и 71 отсто помал ризик од потреба од машини за дишење во споредба со децата заразени со делта.

Сепак, „поради зголемената преносливост на омикрон, вкупниот број на посети на одделите за итни случаи, хоспитализации, интензивна нега и употреба на механички респиратори кај деца сè уште може да биде поголем“ со омикрон отколку со делта, стои во извештајот објавен на medRxiv пред да помине научна рецензија.

Научниците, исто така, забележале дека стапките на инфекција биле несразмерно повисоки кај црните и децата од Латинска Америка и за омикрон и за делта за оваа возрасна група, а јазот се зголемил за инфекции со омикрон, рече водачот на студијата, Ронг Ксу од Медицинскиот факултет на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв.

Сè уште необјавени податоци покажуваат дека „децата под петгодишна возраст имале највисока стапка на инфекција со омикрон“ во споредба со постарите деца и возрасните во сите возрасни групи, рече тој.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фејсбук“ согласен да плати рекордна казна од пет милијарди долари

Редакција

Oсум илјади тужби против Монсанто во САД

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 40 загинати во терористички напад во Москва

Редакција