еМагазин
Image default
Локално

Малолетничка пријавила физички напад и закана со пиштол од поранешното момче

Малолетна девојка во полиција го пријавила поранешното момче поради физички напад и закана со пиштол.

Според пријавеното, настанот се случил во неделата, а полицијата е известена во текот на вчерашниот ден.

– На 20 јануари во 20.15 часот во СВР Тетово, малолетничка заедно со нејзината 46-годишна мајка од тетовска Мала Речица пријавиле дека на 19.01.2022 околу 16.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од И.Р.(21) од тетовско Камењане, со кого била во љубовна врска, а кој ѝ упатил закана со пиштол, информираа од СВР Тетово.

СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР заплени златни монети од прилепчанец: Претреси во повеќе градови

Редакција

Несекојдневен случај: Момче од тетовско запалило банкомат

Редакција

(Видео) Охрид во новогодишно руво

Редакција