еМагазин
Image default
Локално

Малолетник во Штип фатен како краде за време на полицискиот час

Малолетник на возраст од 17 години синоќа во 23.10 часот за време на полициски час бил затекнат од страна на полиција како извршува тешка кражба во продавница на улицата „АСНОМ“.

Полицијата констатирала дека од објектот се одземени пари и цигари.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека полицијата ги вратила парите и цигарите на сопственикот, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Таа информира дека синоќа на подрачјето на СВР-Штип за време на полицискиот час пет лица не го почитувале, од кои двајца се малолетници, и се приведени.

Полициските службеници извршиле 74 контроли кај лица во изолација и кај 227 лица кои се во самоизолација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Редакција

Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Дојран

Редакција

Измама во Скопје: „Висок функционер во МВР“ му зел пари за предвремена пензија

Редакција