„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер јунајтед и да му посака успех во иднина“, пишува во соопштението на Манчестер јунајтед до Мурињо кој од денес веќе не е тренер на Манчестер јунајтед.
Португалецот не успеа да ја заврши третата сезона на Олд Трафорд. Тој имаше релативно добра прва сезона во која ја освои Лига Европа со Манчестер јунајтед и англискиот лига куп.
Минатата година клубот заврши на второто место во Премиерлигата.
Манчестер јунајтед е шести во Премиерлигата со 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул од кој изгуби во неделата со 3-1. Португалецот имаше и нарушени односи со повеќе фудбалери што се чини е главната причина за отказот.
Фото: sportsyahoo
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.