еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

МАНУ за реформите во образованието: Посебно да се изучуваат македонскиот јазик и историја

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се залага за транспарентно, стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во Македонија, информираат од таму.

Притоа се потенцира дека реформите треба да обезбедат:

– систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи на научниот факт дека македонскиот народ зборува на македонски јазик, веќе со векови, на територијата на нашата држава и надвор од неа;

– динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна;

-континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст на Македонија.

Ваквите заложби МАНУ ги искажа имајќи ги предвид седумнаесетте цели на одржлив развој (ОН, Агенда 2030), посебно целите: да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде, да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите и да се промовира континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите, велат од МАНУ.

Оттаму потсетуваат дека глобалните реформи на образованието во светот во последните десетина години се карактеризираат со:

– стандардизација на образовните системи и ставање акцент врз критериумите со коишто се мерат резултатите и успехот во образованието, при што критериумите за отчетност се базираат врз тестови, што е тесно поврзано со наградувањето и казнувањето на наставниците и училиштата;

– поттикнување на државите да се фокусираат кон наставните програми за математика, природни и технички науки, и кон основна писменост, за сметка на пошироките форми на либерални уметности и прогресивните форми на наставни програми, реализација на наставата и учењето;

– трансформација на образованиот систем заснован врз менаџерски модели увезени од бизнис-секторот, при што моделите се водени од пазарните пристапи кои го привилегираат максимизирањето на ефикасноста, профитот и конкуренцијата, наспроти целите кои го промовираат човековиот развој и зајакнувањето на демократските општествени односи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Редакција

ЈП „Паркови и зеленило“ вработува 15 јавни службеници, од нив тројца соработници за односи со јавност

Редакција

(Видео) Бугарскиот европратеник Ковачев се потсмева со резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик и култура

Редакција