Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 6. декември покажуваат дека Штип, Скопје, Свети Николе, Прилеп, Кавадарци и Велес се со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 5.498,1 на 100.000 жители, Скопје (4.788,3/100.000), Свети Николе (4.465,7/100.000), Прилеп (3.549,2/100.000), Кавадарци (3.432,2/100.000) и Велес (3.376,2/100.000), инциденца под 1.500 заболени на 100.000 жители е регистрирана само во Радовиш„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цела Македонија останува во фаза 4, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19
Еве како изгледа состојбата низ Македонија:
Фото: Град Скопје/мапа: ИЈЗ