еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Mаржата на огревно дрво и пелети за огрев се замрзнува на 10%

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко на шест деца извршил обљуба на една од малолетните ќерки, мајката ја „продавала“ за сексуални услуги на третоосомничен

Редакција

Ден на македонскиот јазик: Tемелот на македонскиот идентитет

Редакција

Клиничката болница „Жан Митрев” со најсовремен Центар за женско здравје во регионот

Редакција