еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за два денари, цената на дизелот останува иста

Бензините и екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 88 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 90, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Цената на дизелот и понатаму ќе остане 90 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС 52,786 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 4,114 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,263, кај екстра лесното масло во просек за 3,513, а кај мазутот има намалување во просек за околу 1,29 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за околу 0,005 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Јанкулоска после судење си замина со моторче и со наопаку ставена кацига

Редакција

Хелсиншки комитет објави детали кој и каде може да се пријави за правна помош за проблеми со здравствениот систем

Редакција

Синохидро ја повлече арбитражата кон ЈП за државни патишта пред Меѓународниот суд во Париз

Редакција