еМагазин
Image default
Македонија

Германија не се откажува од изнаоѓање решение за спорот меѓу Скопје и Софија

Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле“.

– Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас.

Според него, земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во ЕУ, направија огромен напредок во последните години, а особено Северна Македонија.

– Луѓето таму својата иднина ја гледаат во ЕУ. Затоа мора да можат да се потпрат на нашите ветувања, во спротивно ќе го завртат грбот, нагласува Мас.

Шефот на германската дипломатија оценува дека европската перспективата е важен стимул за политички и за реформи во делот на правната држава, кои се во интерес и на ЕУ.

Во интервјуто, по повод завршувањето на германското претседателство со Унијата, Мас се осврнува и на пандемијата со Ковид-19, новиот буџет на ЕУ и Фондот за помош, преговорите со Велика Британија по Брегзит, владеењето на правото во некои членки на блокот, тензиите меѓу Грција и Турција и односите со Кина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Загреб уапсен, па ослободен разузнавачот Горан Грујевски

Редакција

Изборите ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи

Редакција

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Редакција