еМагазин
Image default
Локално

Масовна тепачка во тетовско кафуле, петмина повредени

Тетовци на 18 и 22 години завршиле во полициска станица како приведени за напад врз сопственик на локал и менаџерот, како и оштетување на инвентарот. Настанот се случил околу 21 часот кога сопственикот и вработените се подготвувале за затворање на кафе барот, а притоа повредени се пет лица.

„Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Д.(22) и М.С.(18) од Тетово, кои претходно биле пријавени дека во угостителски објект на улица „133“ физички ги нападнале сопственикот Г.К.(39) и менаџерот на објектот Ж.С.(33).

Воедно причиниле и оштетување на инвентарот во објектот. Во физичката пресметка во која, според пријавеното, учествувале повеќе лица, а на која и претходела вербална расправија помеѓу двајцата пријавени и сопственикот и менаџерот на објектот, се користеле различни тврди предмети и при тоа повредени се пет лица“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По пријавата во кафе барот, извршен е увид по што ќе се работи на расчистување и документирање случајот како и изготвување соодветни поднесоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откриени 94 мигранти во камион на патот Радовиш-Штип, возачот побегнал

Редакција

Скопјанец тешко повреден од велосипедист кој побегнал од местото на несреќата

Редакција

Несекојдневен случај: Две жени уценувале Гостиварец со компромитирачко видео

Редакција