еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Мажот и жената сомнителни на корона вирус кои избегаа од штипската клиника се во домашна изолација

Министерство за здравство информираше во врска со двете лица кои се сомнителни на корона вирус и кои избегале од штипската клиника.

„Вчера во 14.30 часот, две лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.

По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома,“ соопштуваат од Министерство за здравство.

Инаку станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Македонија на граничниот премин Табановце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

„Телма“: Две лица сомнителни за инфицираност со корона вирусот побегнале од Штипската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Паричката во семејството на премиерот се паднала кај синот Антониј

Редакција

Денеска избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово

Редакција

Потврдени 22 нови случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција