еМагазин
Image default
Свет

Меккензи Скот е најбогатата жена на светот

Писателката филантроп Меккензи Скот е најбогатата жена на светот. По разводот со Џеф Безос, таа доби четири отсто од акциите во „Амазон“.

Најбогатиот Американец, Џеф Безос пред само неколку дена официјално стана првиот човек чие богатство стигна до 200 милијарди долари.

Според здружението „Американци за фер данок“, за време на корона-кризата, богатството на поистакнатите милијардери во САД пораснало за 25 отсто, односно за вкупно 800 милијарди долари.

Според извештаите, имотот на Илон Маск, сопственик на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, е трипати „потежок“ во однос на март.

Минатиот месец, невработеноста во САД падна на 10,2 отсто, но сѐ уште, на неделно ниво, милион Американци поднесуваат барање за бенефиции за невработени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Редакција

(Видео) Путин ја претстави подморницата што може да предизвика нуклеарно цунами

Редакција

До лето 60% од светското население ќе се стекне со имунитет на Ковид-19, вели портпаролот на Кремљ

Редакција