еМагазин
Image default
Македонија

МЕПСО на Клиничката болница Тетово и ги донира средствата од заштедената струја во септември и октомври

Средствата од заштедената електрична енергија во септември и октомври АД МЕПСО ги донира таму каде што се најпотребни, кај граѓаните. Првата донација од 10.000 евра компанијата ја додели на Клиничката болница во Тетово, информираат од АД МЕПСО.

-Вчера генералниот директор Орхан Муртезани и директорот на тетовската клиничка болницата Амир Елези, потпишаа договор за донацијата. Според зборовите на Елези, овие пари се добредојдени во оваа енергетска криза, а истите рече тој, ќе ги бидат искористени за подмирување на сметките што болницата ги има за електрична енергија, соопшти МЕПСО.

Во соопштението се додава дека, АД МЕПСО е општествено одговорна компанија која и во време на енергетска криза наоѓа начин да им помага на тие на кои тоа им е најпотребно.

-Ваквата пракса компанијата ќе ја продолжи и во иднина, односно сите заштеди во потрошувачка на електрична енергија што ќе ги направи во месеците што следат, ќе бидат искористени за хуманитарни цели, велат од МЕПСО.

Споредбената анализа за потрошувачката на електрична енергија во октомври 2022 и октомври 2021 година, како што посочуваат, покажува дека во Управната зграда на АД МЕПСО е остварена заштеда од 22,12 отсто. Со рационално користење на електричната енергија во септември АД МЕПСО направи заштеда во потрошувачката од 17,57 отсто во однос на истиот период лани.

-Големите промени започнуваат од нас самите, затоа штедиме за да имаме сите, порачуваат од АД МЕПСО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација одлучува по жалбата за „Тенк“: Има ли надеж за Јанкулоска?

Редакција

Ковачевски пред пратениците одговори зошто не служел војска

Редакција

Мицкоски од Кораб, а Груевски со сеќавање на студентските денови го честитаа Денот на независноста

Редакција