еМагазин
Image default
Македонија

Мерките за Ковид-19 никогаш не биле носени од какви било политички одлуки, вели Филипче

Мерките за заштита од Ковид-19 никогаш не биле носени од какви било политички одлуки од почетокот на кризата, од лани досега. Секогаш сме гледале низ призма на епидемиологијата, односно што е тоа што може да се препорача, или да се забрани или да се направи рестрикција. Во таа смисла, на следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде дискутирана оваа мерка за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Целта на најавата пред три до четири недели, посочи, беше токму тоа да имаат предвид граѓаните и да имаат време да примаат две вакцини од тој момент и најавивме дека ќе биде за некаде крајот на месец октомври или месец ноември, така што очекувам таа дискусија да се одвива на следниот состанок на Комисијата и да заземат став епидемиолозите во однос на тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

На новинарско прашање за тоа на што се базира одлуката за после три месеци да се даде трета доза вакцина против Ковид-19, тој рече дека ги следат препораките на меѓународните институции и дека дел од нив препорачуваат тие луѓе кои се вакцинирани со „Синофарм“ малку порано ја примат третата бустер доза.

Значи, појасни министерот, се уште важи препораката за шест месеци за сите вакцинирани со другите вакцини „АстраЗенека“ и „Фајзер“, а ова е само за вакцините на „Синофарм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните што се вакцинирани со Синовак и Синофарм, трета доза може да примаат по три месеци од ревакцина

– Се донесе и уште една препорака, а тоа е да се скрати времето до третата доза за вакцина за граѓаните вакцинирани со вакцината на „Синофарм“ и тоа веќе се спроведува, така што вчера околу илјада пациенти беа вакцинирани со трета доза, верувам дека за тоа ќе има интерес, рече Филипче.На новинарско прашање дали случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово ќе се заборави или сепак на крај некој ќе понесе одговорност, рече „не, има се уште истрага во обвинителството, така што не би коментирал за тоа ништо“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор на Клиниката за неврологија, Иван Барбов позитивен на Ковид-19

Редакција

Министрите на ДУИ ги депонираа условените оставки до Ковачевски

Редакција

Радев бара Заев да се извини, а бугарската влада да провери дали е прекршен Договорот за добрососедство

Редакција