еМагазин
Image default
Македонија

„Метлата“ не е принцип кој што ДУИ го користи, рече Османи

Во однос на најавените министерски смени од страна на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи рече дека има комуникација меѓу Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што кажа, за зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата.

– Метлата не е принцип кој што ДУИ го користи, но да претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот Заев разговараат за зајакнување на капацитеите на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата, рече Османи.

Исто така имало разговори за да се надминат недозразбирањата што произлегоа по назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот Стево Пендаровски.

МИА/Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Авганистан има 100 македонски државјани, МНР тврди дека биле на безбедни локации

Редакција

Тешко е да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби, бидејќи домените се од други држави, вели Спасовски

Редакција

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Редакција