еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков, Џафери и Беџети следни сведоци за „Монструм“

Со сведочење на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и советникот на поранешниот престедател Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски на 27-ми февруари ќе продолжи рочиштето за предметот „Монструм“, кој се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското езеро во 2012 година.

Како сведоци треба да се појават и поранешниот вицепремиер, Муса Џафери и екс министерот за правда, Блерим Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети се знаел со Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“, Османи го посетил семејството на заштитениот сведок Хаки Азири

Покрај лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска сведочеше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој за време на убиството бил гласноговорник на партијата, но и хирург во Државната болница.

Тој рече дека за настанот бил информиран и оти за тоа разговарале партиските органи по што неколку дена по случувањата излегол на интервју и кажал за заклучоците на партиската средба.

На прашање на обвинителот дали имал средба со Хаки Азири, Османи рече дека по неговото интервју наредниот ден го изненадила изјава на родителите на Азири дека тој ја знаел информацијата каде е нивниот син.

Овие изјави на телевизиите, Османи го погодиле и преку роднини на осомичениот успеал да обезбеди средба со неговото семејство по која тие ја повлекле изјавата и работите станале појасни дека тој само информирал за партиските состаноци во врска со случајот.

По него денеска сведочеше и обвинителот Џелал Бајрами како тогашен заменик министер за внатрешни работи, во времето кога министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска.

Во одговор на едно од прашањата поставени од обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека не се согласувал со изјавата на министерката Јанкулоска, која тогаш изјавила дека ги имаат сторителите на убиството, што според него, било погрешно и не било договорено тоа да се каже, туку дека само истрагата е во тек и има осомничени лица.

Праксата да им се овозможи на медиумите да обезбедат инсерти од денешното рочиште, овој пат беше прескокната. Претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставрев по реакција на новинарите пред сведочењето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека веќе започнало рочиштето и не дозволи да се снима и фотографира. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи сведочеше за “Монструм“: Беше многу важно судењето да се повтори, бидејќи граѓаните не веруваат

Ахмети сведочеше за „Монструм“: Стравуваме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите обвинители во ОЈО Гостивар, Скопје и во Струга

Редакција

Убава вест: Од Ковид-19 оздравеле 87 лица

Редакција

Казнети 301 граѓанин за неносење маска

Редакција