еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков сведочеше за „Монструм“: БЈБ го водеше случајот, УБК беше вклучена со помагање во информации

Со сведочење на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Монструм“ кој се однесува за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковското езеро на 12 април 2012 година.

Мијалков за настанот дознал половина час после убиството. Случајот го водел Бирото за јавна безбедност (БЈБ), а Управата била вклучена со помагање во информации.

-УБК беше присутна во својство и улога на собирање на информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ, појасни Мијалков на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи.

По Мијалков треба да сведочат и поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети.

Пред рочиштето Фетаи побара МВР да реагира и да го обезбеди сведокот Зоран Трајковски, кој двапати добил покана за сведочење, а има и наредба за негово и за присилно спроведување.

На последните рочишта за овој предмет сведочеа повеќе сегашни и поранешни функционери од извршната власт, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски-Радникот.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков на судењето за „Монструм“: Не се сеќавам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле на воени боишта

Алексовски на судењето за „Монструм“: Имав усна информација од Трајковски за движења на екстремистички групи, но не ми беше потврдена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Редакција

Минатата недела зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 од 0,9%

Редакција

Чаир, Аеродром и Карпош со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција