еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски на средба со Орбан, разговарале за ЕУ-интеграциите, енергетската и мигрантската криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, отпатува за Будимпешта каде денеска се сретнал со премиерот на Унгарија и претседател на нивната сестринска партија ФИДЕС, Виктор Орбан, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие на средбата разговарале за ЕУ интеграцијата на Македонија и Мицкоски го истакнал ставот дека таа e неопходнa за македонскиот народ, но треба да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја.

„Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси.

Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси“, соопштија од ВМРО-ДПМНE и додаваат дека Мицкоски и Орбан разговарале и за проблемите со мигрантската криза.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар од Ковид-19 починаа уште две пациентки, 28 лица се на кислородна поддршка

Редакција

(Аудио) „Пукнаа“ „бомби“ и за Игор Јанушев и Миле Јанакиески

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви

Редакција