еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски нема да присуствува на прославувањето на Илинден во Крушево, организирано од Пендаровски

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека нема да присуствува утре на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

Најави дека традиционално 2 Август ќе го помине во населеното место Ташмаруништа, во близина на Струга.

За новиот концепт на прослава на Илинден инициран од претседателот Стево Пендаровски, тој го нараче импровизирано чествување на најголемиот празник на македонскиот народ, кој според Крушевскиот манифест, вели, е и празник на нашите сограѓани без разлика на етничката припадност.

– Дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Пендаровски нема да биде делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски пред состанокот со партијата Демократски сили на Ромите, нивен коалициски партнер по повод соработката на претстојните локални избори.

Претседателот Стево Пендаровски ги покани претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево на централна прослава.

Замислата е дека со овој начин на прослава ќе се постигне поголема сплотеност и ќе се овозможи вистинско честување на Илинден како симбол на обединување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има говор на Мечкин камен за 2 Август, Пендаровски ги кани Заев, Џафери и политичките лидери заедно да го слават Илинден

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи, украла 600 илјади денари

Редакција

Вкупно импортирани 180 случаи на Ковид-19, последниот е пред неколку дена

Редакција

На Груевски ќе му се суди во отсуство и за „Титаник“

Редакција