еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Од Комисијата има признание дека се преговора за идентитетот

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша во објава на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по денешната прес-конференција на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања.

Бугарската страна, вели Мицкоски, кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува.

– Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот, пишува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За звучни имиња Панчевски одлучувал кај кои судии ќе одат, сведочеше службеничка од Кривичен

Редакција

Фатиме Фетаи „бесна“: Да се казни адвокатот кој не дојде на рочиштето за „Титаник 2“

Редакција

Апасиев и Петров: Одлуката на Уставен за референдумот е политичка, а не правна

Редакција