еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски повика на достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев

Доколку Министерството за внатрешни работи (МВР) ги слуша апелите и добро се организира на 4 февруари нема да има нарушување на јавниот ред и мир, а ако не сака ќе дојде до тоа, порача денеска лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

-Доколку има било каква несакана случка на 4 февруари тоа ќе биде грев на Владата и на МВР. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на провокациите кои секојдневно се присутни. Ниту една провокација на која ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и на Македонија како држава, туку оди само во полза на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и на нашиот источен сосед, рече  Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Карбинци.

Истакна дека само со достоинствено чествување на денот треба да ги поразиме, како што рече, корумпираните полициски структури кои се обидуваат да го разединат македонскиот народ и додаде дека не треба да им дозволиме да успеат и да се враќаме назад.

– Затоа ги повикувам сите оние кои ќе се одлучат да одат таму достоинствено да го чествуваат денот. Ние сме мирен, честит и достоинствен библиски народ кој знае да тагува и да празнува, но и народ кој знае да даде почит на луѓето кои ги почитува како што е великанот Делчев.

Затоа ги повикувам сите на тој ден достоинствено да се поклониме во црквата Свети Спас во Скопје за да можеме да покажеме дека на овој народ местото му е во Европа каде што одамна треба да биде, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

Нагласи дека има информации оти нивни членови биле повикувани во полициска станица на информативни разговори заради 4 февруари.

– Луѓе се повикувани и ќе бидат повикувани се до моментот додека оваа влада не замине. Не треба да создаваме паника. Ние сме навикнати и отпорни сме на сето тоа, бидејќи пет години живееме под политички терор на Владата на ДУИ и СДСМ.

Месеци се во прашање кога многумина што го правеа ова ќе треба да дадат одговор. Потоа тие коишто ја злоупотребуваат таа позиција ќе треба да дадат одговори на многу прашања и тогаш ќе треба да бидат силни како што се сега, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

31 возрасен и 12 деца се затруле со чад при пожарот во зградата во Чаир

Редакција

Влада: Се затвораат моловите освен за храна и лекови: Купување само преку нарачки и достава

Редакција

Убава вест: Оздравени 12 болни од Ковид-19

Редакција